Ракометарките на Чаир забележаа победа против ракометарките на Вардар со 33-30 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Чаир и на пауза имаше предност од 15-13. Во второто полувреме Чаир продолжи со добрата игра, па на крај се радуваше на триумф против Вардар.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Теодора Дукоска со 13 погодоци, додека кај Вардар најефикасна беше Ивона Трпевска со 8 погодоци.
(фото – ЖРК Чаир)📷