Екипата на Чаир беше подобра од екипата на Куманово, откако славеше со резултат 30-28 во натпревар од Женската Супер лига.
Иако Куманово беше во водство во првиот дел од натпреварот, сепак Чаир успеа да се врати и на крај да се избори за победа.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Стефанија Ѓеоргиевска со осум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасни беа Сара Цветановска, Сара Богојеска и Сузана Зечевиќ со по шест гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷