Чаир подобар од Овче Поле Славјански Универзитет во Купот

Ракометарките на Чаир забележаа победа против Овче Поле Славјански Универзитет со 41-35 во полуфиналето од Групата Б во Купот на Македонија.

Чаир добро го започна натпреварот, и на полувреме имаше висока предност од 24-14. Добрата игра на Чаир продолжи и второто полувреме за да забележи победа против Овче Поле Славјански Универзитет.

Најефикасна во екипата на Чаир беше Стефанија Ѓеоргиевска со девет гола, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Елена Вучевска со десет погодоци.

(фото-ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести