Екипата на Чаир, која има високи амбиции во продолжението од сезоната се засили со нова ракометарка.
Станува збор за ракометарката Елизабет Ван Акер, која во продолжението од сезоната ќе настапува за екипата на Чаир.
Ракометарката Елизабет Ван Акер настапува на позицијата лев бек и таа е од Аргентина, а доаѓа од екипата на Бенидорм, каде настапуваше во првиот дел од полусезоната.
Тимот на Чаир се раздели со ракометарката Сабрина Фиоре од Парагвај, која настапуваше на позицијата кружен напаѓач.

(фото – ЖРК Чаир)📷








