Екипата на Чаир постигна договор со квалитетната ракометарка која своите почетоци ги имаше во клубот Сан Хозе од Парагвај, потоа настапуваше за бразилските екипи Кариацикенсе и ААУ, а продолжи кариера во Шпанија во Ла Калзада и Балонмано Т Маравила.
Ракометарката која настапува на позицијата пивот има остварено одлични настапи и за репрезентацијата на Парагвај, на следниве натпреварувања: Светско првенство 2017 во Германија (влезе во Топ 10 стрелци), Првенство во Аргентина (најдобар стрелец) и Светско првенство 2021 одржано во Шпанија.

(фото – ЖРК Чаир)📷