Екипата на Чаир забележа сигурна победа против екипата на Деспина со конечен резултат 40-22 во Женската Супер лига.
Чаир победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 21-9.
Најефикасни во тимот на Чаир беа Леонора Рахмани и Биљана Дамчевска со по седум гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Магдалена Ѓорѓиоска со пет гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷