Екипата на Чаир забележа висока и убедлива победа против екипата на Шампион со конечен резултат 56-11.
Тимот на Чаир победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза имаше предност од 25-6.
Најефикасна кај екипата на Чаир беше Стефанија Ѓеоргиевска со 12 погодоци, додека кај Шампион најефикасна беше Ана Ристевска со четири погодоци.
(фото – ЖРК Чаир)📷