Ракометарките на Чаир остварија победа против Пелистер со 30-31 во плеј-офот во Супер лигата.
Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи заминаа со нерешен резултат на полувреме од 16-16. Во второто полувреме Чаир имаше контрола на резултатот, Пелистер се обидуваше да се врати но не доволно за победа.
Најефикасна во екипата на Чаир беше Стефанија Ѓеоргиевска со седум погодоци, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Марија Јанкуловска со 15 погодоци.
(фото-ЖРК Чаир)📷