До изминатата сезона екипата на Чаир, иако им одземаше бодови на фаворитите во Женската Супер лига, сепак не успеа да ја освои титулата.
Тимот на Чаир во новата сезона е сериозен конкурент за освојување на титулата во Женската Супер лига, откако екипата се засили со шест ракометарки, но и беа продолжени договорите на дел од актуелната екипа.
Теодора Дукоска, Бојана Диневска, Ивана Џатевска, Марија Галевска, Севда Озкан и Клеа Ајвази се новите ракометарки на Чаир до овој момент.
Не е исклучена можноста екипата да донеси уште некоја нова ракометарка во своите редови. Екипата не е недостижна со ростерот што ќе биде за новата сезона.
(фото – ЖРК Чаир)📷