Чаир убедливо ја порази Стружанка

Екипата на Чаир забележа убедлива победа против екипата на Стружанка со резултат 31-23 во плеј-офот од Женската Супер лига.

Тимот на Чаир од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па немаше проблеми околу победата против Стружанка.

Најефикасни во тимот на Чаир беа Марија Николовска, Стефанија Ѓеоргиевска и Јасмина Попова со по пет гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Ивана Затуроска со осум гола.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.