Чаир убедлив против Гевгелија

Екипата на Чаир забележа висока и убедлива победа против екипата на Гевгелија со резултат 58-16 во натпревар од Женската Супер лига.

Тимот на Чаир победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 31-6.

Најефикасна во редовите на Чаир беше Леонора Рахмани со 12 погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Благица Ступар со 10 погодоци.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.