Екипата на Чаир забележа убедлива победа против Истогу со резултат 33-26 и се пласира во следната фаза од Европскиот Куп.
Чаир од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот. На полувреме македонскиот тим имаше предност од 16-12. Во второто полувреме Чаир ја зголеми разликата, за на крај да се радува на победа против косовски Истогу.
Најефикасна кај екипата на Чаир беше Марија Николовска со осум погодоци, додека кај екипата на Истогу најефикасна беше Луна Коншалвес исто така со осум гола.
(фото-ЖРК Чаир)📷