Ракометарките на Чаир забележаа убедлива победа против ракометарките на Спартак со резултат 44-22 во Женската Супер лига.
Тимот на Чаир и на полувреме имаше висока предност од 21-11. Второто полувреме беше само формалност Чаир да ја завери високата победа против Спартак.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Ангела Костовиќ со девет гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Михаела Ангеловска со шест гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷