Чаир ја оправда фаворитската улога против Астибо

Екипата на Чаир забележа победа против екипата на Астибо со конечни 41-22 во Женската Супер лига.

Тимот на Чаир уште во првото полувреме имаше висока победа, откако на полувреме водеше со 21-7.

Во второто полувреме продолжи водството на Чаир, па на крај да слави високо против Астибо.

Најефикасна во редовите на Чаир беше Габриела Величковска со девет гола, додека кај Астибо најефикасни беа Жанет Вероника Хомба и Мауде Кумбелембе Бартоломео со по седум гола.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *