Чаир ја совлада Деспина во плеј-офот

Ракометарките на Чаир забележаа победа на гостувањето во Прилеп кај екипата на Деспина со конечни 24-18 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.

Чаир го презеде водството и на пауза замина со предност од 10-8. Во второто полувреме беше сочувано водството до крај за на крај да слават победа со поголема разлика.

Најефикасна во екипата на Чаир беше Теодора Дукоска со шест погодоци, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Ангела Камческа со четири погодоци.

(фото-ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.