Екипата на Прилеп во следната сезона ќе влезе со нов тренер и изменет состав, откако неколку ракометари и тренерот го напуштија тимот.
Левиот бек од Грузија, Мириан Гавашелишвили останува во тимот на Прилеп и следната сезона, додека нов тренер-играч ќе биде Реваз Чантурија.
Тимот го напуштија тренерот Горан Кузманоски, ракометарите Марио Гичев, како и десниот бек, Хари Павлов кој замина во Холабрун, Даниел Андоновски, Хазеин Рустамов и Зураб Цинцадзе, ги засилија редовите на екипата на Охрид и Марко Трајковски, кој се пресели во Голден Арт.
(фото-Рк Прилеп)📷