Чешка ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Македонија

Ракометната федерација на Чешка ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар од баражот за Светското првенство во Полска и Шведска против Македонија.

Овој натпревар ќе се одигра во Чешка во Злин во салата “Датарт”, која има капацитет од 2.000 гледачи. Билетите за овој натпревар ќе чинат 400 денари (160 чешки круни), а не се најавени никакви Ковид мерки.

Првиот натпревар меѓу Чешка и Македонија ќе се одигра во Злин на 13 април во 19:15 часот, додека реваншот ќе биде во Македонија во Скопје во СЦ “Борис Трајковски” со почеток од 19:00 часот.

(фото-Ракометна Федерација на Чешка)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести