Во недела на 26 март 2023 година во 18:00 часот во Скопје во СЦ “Јане Сандаски” ќе се одигра дербито помеѓу екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер во плеј-офот од Супер лигата.
Навивачката група “Чкембари” најави присуство на дербито и ќе ги поддржи ракометарите на Еурофарм Пелистер.
“Инвазија во најава! Само шест дена не делат од еден од најбитните натпревари за ова сезона. 26 март во недела, битолската авангарда после точно една година повторно на екскурзија во главниот им град. Историјата се повторува, Чкембари во поход во својот полн состав атакуваат кон нова победа, на трибините и на терен. Ланското наше издание уште еднаш во низа докажа кој е кој, кога се работи за дерби средбите. Бидете на готовс за уште една чкембарска авантура, која ќе се запиши во нашата историја. Чкембари те повикуваат, биди дел од битолската елита за уште една окупација”, – стои во соопштението до навивачката група “Чкембари”.

(фото – Навивачка група “Чкембари”)📷