По повод успешната сезона во која се освои првиот трофеј во Купот на Македонија, како и трите младински титули, Алкалоид одржа завршна прес-конференција пред медиумите на која ги сумира впечатоците.
Претседателот Горан Минов, тренерот Кирил Лазаров, како и капитенот Игор Ѓорѓиев имаа свој осврт на сезоната која беше оценета како успешна имајќи ги предвид постигнатите резултати, обезбедениот пласман во Европа, како и напредокот на нашите играчи во сите категории.
Подготовките за новата сезона 2024/2025 на екипата на Алкалоид се предвидени да стартуваат на 25 јули.


(фото – Рк Алкалоид)📷