Шампионот на Македонија со завршна прослава ја заврши сезоната 2022/2023

Шампионот на Македонија за сезоната 2022/23 – РК Еурофарм Пелистер со завршна манифестација во Голд Фелициа во Битола ја одржа последната активност за сезоната 2022/23.

На гала церемонија наменета за пријателите на клубот, акционерите и спонзорите и припадниците на седмата сила, беше направена ретроспектива на сезоната.

На свеченоста зборуваа претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директот Димитар Митревски и претставници на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

Манифестацијата заврши со шампањ, шампионска песна и фотографија за спомен на незаборавната година.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.