Екипата на Шампион забележа победа на гостувањето во Штип кај екипата на Текстилец со резултат 28-27 во Првата лига.
На стартот контрола на резултатот имаше Шампион, па на пауза имаше предност од 14-10. Во второто полувреме екипата на Текстилец се врати, но на крајот бодовите ги освои Шампион.
Најдобри стрелци во тимот на Шампион беа Христијан Сибиновски и Давид Богоевски со по пет гола, додека кај екипата на Текстилец најдобар стрелец беше Никола Јованов со шест гола.
(фото – Рк Шампион)📷