Шампион го наполни голот на Кузман Вардар

Составот на Шампион забележа убедлива победа против тимот на Кузман Вардар со високи 41-24 во натпревар од плеј-аутот во Женската Супер лига.

Шампион на полувреме имаше предност од 18-12. Во второто полувреме Шампион го зголеми водството, па на крај славеше убедлива победа против Кузман Вардар.

Најефикасна во тимот на Шампион беше Мила Мемов со 14 погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Нина Милевска со 8 погодоци.

(фото – ЖРК Шампион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.