Екипата на Шампион забележа победа на домашен терен против Астибо со 30-23 во плеј-аутот во Женската Супер лига.
Шампион го презеде водството на полувреме со 16-12. Во второто полувреме Шампион продолжи со добрата игра за на крај да слави против Астибо.
Најефикасна кај екипата на Шампион беше Мила Филипова со седум погодоци, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 11 погодоци.
(фото-ЖРК Шампион)📷