Екипата на Шампион оствари победа на гостувањето кај екипата на Овче Поле со 31-25 во Првата лига.
На полувреме Овче Поле имаше предност од 16-15. Во второто полувреме екипата на Шампион успеа да се врати, па на крај да го совлада Овче Поле.
Најефикасен во тимот на Шампион беше Живко Петровски со десет гола, додека кај екипата на Овче Поле најефикасни беа Крстев, Постоловски и Динев со по пет гола.
(фото – Рк Шампион)📷