ЖРК Шампион

Шампион подобар од Феникс во Суперлигата

Ракометарките на Шампион славеа победа на домашен терен против екипата на Феникс во натпревар од Суперлигата, со резултат 37-32.

Екипата на Шампион уште на почетокот го превзеде водството, за на полувреме да замине со 15-11. Феникс се обидуваше да се врати но не успеваше, затоа што составот на Шампион влезе во нова серија, и ја оствари петтата победа во Суперлигата.

Најефикасна во составот на Шампион беше Мила Филипова со десет погодоци, додека кај екипата на Феникс најефикасна беше Емилијана Ризоска со 16 погодоци.

ЖРК Шампион 37-32 ЖРК Феникс

(фото-ЖРК Шампион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести