Екипата на Шампион славеше на гостувањето кај екипата на Гевгелија со 28-26 во првото коло од Женската Супер лига.
Шампион добро го започна натпреварот и на пауза замина со предност од 17-12. Во второто полувреме тимот на Шампион продолжи со добрата игра, за на крај да слави против Гевгелија.
Најефикасна во тимот на Шампион беше Анастасија Митова со седум гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Мери Гичева со девет гола.
(фото-ЖРК Шампион)📷