Ракометарките на Шампион ја остварија втората победа во Супер лигата, откако на гостински терен го совладаа тимот на Скопје со минимални 25-24.
Скопје на пауза имаше предност од 15-12. Во второто полувреме екипата на Шампион направи пресврт, за на крај да слави против Скопје.
Најефикасна во тимот на Шампион беше Анастасија Митова со десет погодоци, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Јасмина Попова со седум погодоци.

(фото-ЖРК Шампион)📷