Ракометарките на Шампион забележаа сигурна победа против Кузман Вардар со конечни 30-27 во плеј-аутот во Супер лигата.
Шампион добро го отвори натпреварот и на пауза замина со предност од 14-7. Во вториот дел Шампион ја завери победата против Кузман Вардар.
Најефикасна во екипата на Шампион беше Мила Филипова со десет погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Анастасија Ѓорѓиева исто така со десет погодоци.
(фото-ЖРК Шампион)📷