Шампион со победа се враќа од гостувањето кај Спартак

Екипата на Шампион славеше на гостувањето кај екипата на Спартак со високи 26-33 во плеј-аутот во Супер лигата.

Шампион добро го започна натпреварот и на полувреме замина со предност од 15-18. Во второто полувреме Шампион ја зголеми разликата и на крај стигна до победа против Спартак.

Најефикасна во екипата на Шампион беше Сара Трајков со шест гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со 11 гола.

(фото-ЖРК Шампион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.