Шампион со убедлива победа над Феникс АМС

Ракометарките на Шампион славеа убедлива победа против Феникс АМС со 30-22 во 1. коло од плеј-аутот во Женската Супер лига.

Шампион добро го започна натпреварот и имаше минимално водство на полувреме од 13-12. Во второто полувреме Шампион тргна добро, и го сочува водството до крај за прва победа во плеј-аутот.

Најефикасна во екипата на Шампион беше Нина Неделковска со седум погодоци, додека кај екипата на Феникс АМС најефикасна беше Емилијана Ризоска со девет погодоци.

(фото-ЖРК Шампион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести