Ракометарките на Шампион остварија убедлива победа на домашен терен против Гевгелија со убедливи 32-21 во плеј-аутот од Супер лигата.
Шампион добро го започна натпреварот и на полувреме имаше предност од 15-10. Во вториот дел Шампион ја зголеми разликата за на крај да слави со убедлива победа против Гевгелија.
Најефикасна во екипата на Шампион беше Јана Велигденова со осум погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Драгица Митрова со пет погодоци.
(фото-Рк Шампион)📷