Екипата на Шампион ја забележа втората победа во Првата лига, откако на домашен терен го совлада тимот на Бисинов Фруит Ленд со 28-20.
Тимот на Шампион немаше проблеми околу победата против Бисинов Фруит Ленд. На полувреме Шампион имаше предност од 13-11, во второто полувреме беше заверена победата.
Најдобар стрелец во тимот на Шампион беше Дамјан Миноски со шест голови, додека кај екипата на Бисинов Фруит Ленд најдобар стрелец беше Мартин Иванов со пет голови.
(фото – Рк Шампион)📷