Мини лига во ракомет за децата од школата за ракомет ТОПКА, како дел од проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ организира мини лига во ракомет – јуниор куп.
“На ден 20.03.2022 година, во С.Ц „Јане Сандански“ во Општина Аеродром ќе се одржи вториот турнир од мини лигата во ракомет за децата од школата за ракомет ТОПКА. На турнирот ќе учествуваат момчиња и девојчиња од нашата школа во општините Велес, Аеродром, Битола, Карпош и Кисела Вода, поделени во две категории на деца родени 2010/11 и 2102 и помали,” – се вели во соопштението од Школата за ракомет Топка.

(фото – Школа за ракомет Топка)📷