Шпанецот Виктор Алонсо Гарсија е нов член на Вардар 1961

Леворакиот бек Виктор Алонсо Гарсија (33) потпиша договор со Вардар 1961 и сезонава ќе настапува во „црвено-црниот“ дрес.

Тој дебитираше за тимот на турнирот во Струга каде вардарци го освоија првото место. Виктор Алонсо Гарсија е поранешен шпански репрезентаивец, и минатата сезона ја мина во италијанскиот тим Ромања.

Алонсо потекнува од некогашниот шпански гигант Портланд Сан Антонио и ги мина сите младински категории во „фуријата“. Во татковината играше уште за Овиедо, Ваљадолид, Адемар Леон и Анхел Хименез.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести