Шпанија беше подобра од Шведска и ја освои бронзата!

Репрезентацијата на Шпанија беше подобра од Шведска со конечни 39-36 и ја освои бронзата на Светското првенство во Полска и Шведска.

Во првото полувреме Шведска имаше водство, па на пауза замина со предност од 22-18. Во второто полувреме Шпанија направи пресврт, и на крај дојде до бронза.

Најефикасен во селекцијата на Шпанија беше Вигуера со девет гола, додека кај Шведска најефикасен беше Ване исто така со девет гола.

(фото – ИХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.