Машката кадетска репрезентација на Шпанија е нов шампион на Светското првенство за кадети, кое се одржуваше во Хрватска, откако во финалето ја совлада Данска со 28-23.
Во натпреварот за трето место, односно за бронзата, селекцијата на Хрватска триумфираше против Египет на продолженија со резултат 39-37.

(фото – Ракометна Федерација на Шпанија)📷