Шпанија го совлада Египет и стана шампион на Медитеранските игри во машка конкуренција

Машката сениорска репрезентација на Шпанија го совлада Египет со минимални 28-27 и стана нов шампион на Медитеранските игри во машка конкуренција.

Во првото полувреме Египет го презеде водството и на пауза замина со предност од 16-13. Во второто полувреме селекцијата на Шпанија успеа да се врати и да направи пресврт за победа против Египет.

Најефикасен во селекцијата на Шпанија беше Јан Тарафета со десет погодоци, додека кај селекцијата на Египет најефикасен беше Мохамед Санад со десет погодоци.

(фото-Ракометна Федерација на Шпанија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести