Шпаркасе Лизинг е нов спонзор на Вардар 1961

Добрите резултати на Вардар 1961 сезонава, и позитивните ветришта што дуваат во клубот влијаат и на зголемувањето на бројот на компании кои се приклучуваат во постигнување на врвни резултати.

Нов спонзор на Вардар 1961 е компанијата Шпаркасе Лизинг. Компанијата што повеќе од десет години функционира во Македонија го препозна квалитетот и потенцијалот на Вардар 1961, и заедно почнуваат соработка која најавува исполнување на стратешките цели на двата бренда.

„Ни претставува чест и задоволство што ќе можеме да споиме два успешни бренда, и ќе имаме соработка со која покажуваме дека Шпаркасе Лизинг останува најголемиот партнер на кој клиентите му веруваат, а истовремено ќе останеме општествено одговорна компанија. Убедени сме дека Вардар ќе биде таму каде што заслужува, на врвот и дека ние ќе придонесеме за остварување на целите и плановите на клубот”, – изјави Марјан Манчев, Извршниот директор на Шпаркасе Лизинг.

Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар 1961 изјави дека е среќен што се повеќе компании застануваат зад клубот.

„Драго ми е што Шпаркасе Лизинг ја препозна работата на клубот и патеките по кои се движиме. Позитивниот бран што го зафати клубот продолжува и сигурен сум дека соработката со Шпаркасе Лизинг ќе му помогне на Вардар во исполнување на своите цели. Знаеме да ги цениме своите пријатели и ветуваме дека ќе им овозможиме многу радосни моменти заедно со нас”, – изјави Борко Ристовски, Извршниот директор на Рк Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести