rakomet za sekoe dete

Ѓоргоноски: Создаваме услови секое дете да ги покаже своите афинитети и развие својот талент кон ракометот

После само четири месеци од како стратуваше проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, наменет за деца од 7-12 годишна возраст, во организација на агенцијата КМГ Груп Спорт се одржа првиот турнир на децата од школите кои ги опфаќа проектот во Велес, Општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Битола.

Повеќе од 110 момчиња и девојчиња, во С.Ц “Јане Сандански“ во Општина Аеродром ги одиграа своите први натпревари и имаа шанса меѓусебно да се дружат и забавуваат.

„Проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ е плод на повеќегодишниот ангажман, личен и на мојата агенција, во сегментот на работа со најмалите категории момчиња и девојчиња и искуството кое се акомулирало во изминатите шест години, истото да се насочи кон создавање услови секое дете во Скопје и Македонија да ги покаже и развие своите афинитети кон ракометот, создавајќи база на деца кои би трчале по ракометната топка и кои во иднина би се надоградувале и насочувале. Самиот проект во моментов опфаќа школа за ракомет, но во иднина се предвидени и уште неколку сегменти и тоа мини лига во ракомет во која децата би се натпреварувале и би стекнувале искуство, кампови, семинари”, – додаде Горан Ѓоргоноски.

“Викендов кој помина се одигра првиот пред новогодишен турнир, кој беше поделен на два дела, за деца кои родени 2012 и помали кои го практикуваат т.н мини ракомет и деца родени 2010/11 кои своите натпревари ги играа на терен со регуларни димензии. Во секој случај едно убаво искуство за секое од нив, дружење, забава и натпреварување. Во иднина, школата ќе продолжи со активности во овој сегмент и ќе организира турнири, како во Скопје, така и во другите градови.Посебно сум горд и благодарен на родителите кои од самиот старат не поддржуваат, на тренерите кои работат секојдневно со децата, на моите соработници кои се дадоа целосно во проектот и секако на партнерите на проектот, без кои истиот не би функционирал на нивото на кое е предвидено. Ова е млад проект, но со луѓе кои се многу искусни во делот на спортскиот менаџмент и организација на настани но и со тренери кои се исклучително посветени и желни за пренесување на своето знаење“, – Горан Ѓоргоноски, основач и менаџер на проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.

По завршувањето на официјалниот дел и натпреварите во двете категории, благодарение на своите партнери и пријатели секое дете доби пакетче од страна на организаторот со најубави желби во новата година.

https://rakometzasekoedete.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d0%b3%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%be%d0%b7%d0%b4%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d1%83%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d1%81%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%b5-%d0%b4%d0%b5/?fbclid=IwAR0sdk4_UmT87_HVzWSRr0ZfMu_1nnmPJMft1tyAxYPGst621kNuL0dpxM0

(фото и текст – Рк Ракомет За Секое Дете)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести