Ракометарките на Ѓорче Петров беа подобри од ракометарките на Пелистер, откако во Битола триумфираа со резултат 33-28.
Тимот на Пелистер парираше во текот на целиот натпревар, но поради кратката клупа мораше да се задоволи со пораз од Ѓорче Петров.
Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Катерина Дамјановска со осум гола, кај екипата на Пелистер најефикасна беше Мари Франсоа со девет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷