Ракометарките на Ѓорче Петров им се вратија на победите, откако на домашен терен во натпревар од Суперлигата ја совладаа екипата на Стружанка со 31-23.
Првиот дел од натпреварот почна со водство на Ѓорче Петровки за на полувреме да заминат со предност од шест гола разлика 16-10. Вториот дел беше само формалност за домашната екипата да ја осигура победата.
Најефикасна во составот на Ѓорче Петров беше Мила Ѓорѓиевска со осум погодоци, додека кај екипата на Стружанка беше Магдалена Делиоска со пет погодоци.
ЖРК Ѓорче Петров 31-23 ЖРК Стружанка
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷