Ракометарките на Ѓорче Петров славеа во дербито со екипата на Металург со резултат 26-24 во Женската Супер лига.
Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на полувреме замина со предност од 12-9. Во второто полувреме екипата на Ѓорче Петров ја завери победата против Металург.
Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со шест гола, додека кај екипата на Металург најефикасна беше Ива Божиновска исто така со шест гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷