Екипата на Ѓорче Петров забележа висока победа против екипата на Спартак со конечни 35-21 во натпревар од Женската Супер лига.
Составот на Ѓорче Петров и на полувреме имаше високо водство од 17-10, па така во второто полувреме продолжи со водството за на крај да слави победа против Спартак.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со девет гола, додека кај Спартак најефикасна беше Сара Цветановска со шест гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








