Екипата на Ѓорче Петров го совлада Вардар со 27-24 и се пласира на Ф4 во Купот на Македонија.
Од почетокот на натпреварот беше неизвесно и драматично. Екипата на Ѓорче Петров го презеде водството во текот на целиот натпревар и го елиминира Вардар во Купот.
Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со девет погодоци, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Катерина Дамјановска со шест погодоци.
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷