Ѓорче Петров го совлада Куманово и е на чекор до титула во Супер лигата

Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа триумф против екипата на Куманово со резултат 22-27 во натпревар од Женската Супер лига.

Екипата на Ѓорче Петров го презеде водството во првото полувреме и на пауза замина со предност од 10-13. Во второто полувреме Ѓорче Петров продолжи со добрата игра и го сочува водството до крај кое го имаше во првото полувреме за победа против Куманово.

Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Симона Стојановска со десет погодоци, додека кај екипата на Куманово најефикасна беше Наташа Нолевска со пет погодоци.

(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести