Екипата на Ѓорче Петров забележа победа на гостувањето кај екипата на Чаир со конечни 30-26 во натпревар од Женската Супер лига.
Иако составот на Чаир имаше водство во првото полувреме, сепак во второто полувреме со добра игра Ѓорче Петров го презеде водството за на крај да слави победа.
Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Армина Исиќ и Емилијана Ризоска со по девет гола, додека кај Чаир најефикасна беше Габриела Величковска со десет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








