Ѓорче Петров го совлада Чаир во дерби натпревар

Екипата на Ѓорче Петров забележа победа против екипата на Чаир во дерби натпревар со резултат 38-34 во Женската Супер лига.

Иако на полувреме беше нерешено со 18-18, сепак на крај бодовите ги однесе тимот на Ѓорче Петров.

Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Марија Јанкуловска и Анастасија Николовска со по седум гола, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Бојана Диневска со девет гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести