Ѓорче Петров е шампион во Купот на Македонија во женска конкуренција

Екипата на Ѓорче Петров забележа победа против екипата на Чаир во финалето од Купот на Македонија со резултат 36-19.

Составот на Ѓорче Петров во текот на целиот натпревар доминираше на теренот, па на крај да слави против Чаир.

Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Ивана Дежиќ со девет гола, додека кај Чаир најефикасна беше Стефанија Ѓорѓиевска со пет гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *