Екипата на Ѓорче Петров забележа убедлива победа против екипата на Астибо со високи 39-18 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Составот на Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 22-12.
Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Санхон Кадиатоу и Емилијана Ризоска со по шест гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 13 гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷