Ѓорче Петров и Деспина за титула во пионерска женска лига, за трето место Стружанка и Скопје 2020

Ракометарките на Ѓорче Петров и Деспина ќе се борат за титула во пионерската женска лига, додека за трето место ќе се борат екипите на Стружанка и Скопје 2020.

Во првото полуфинале Деспина беше подобра од Скопје 2020 по изведување на пенали со 19-17, отако беше нерешен резултатот 14-14. Во второто полуфинале Ѓорче Петров ја совлада Стружанка убедливо со 17-9.

Натпреварот за трето место е закажан со почеток од 17:30 часот, додека финалето од 19:30 часот. Двата натпревари ќе се одиграат денес во спортскатата сала ,,Христо Батанџиев” во Ѓорче Петров.

(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести